Преспанскиот договор го одвеа Каменос во политички заборав

Процесoт на ратификација на Преспанскиот Договор, потпишан од Грција и Македонија во јуни, годинава, а кој е обид за решавање на спорот за името, се движи стабилно напред во Скопје. Собранискиот спикер на таа земја оценува дека целата процедура ќе биде завршена до 15 март, 2019 година, кога ќе се одржи конечното гласање и кое е многу веројатно дека ќе успее.

Во една тензична предизборна атмосфера во Грција, иако датумот за претстојните избори сеуште не е официјално прецизиран, објавата од Скопје претставува критичен маркер, најверојатно врамување на последните денови на грчката владејачка коалиција меѓу левичарската СИРИЗА и десничарската „Независни Грци“ (АНЕЛ), која управува со земјата од јануари 2015 година, пишува белгискиот неделник „New Europе“, пренесува НетПрес.

Претседателот на АНЕЛ и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос, помина голем дел од минатата недела во промовирање и одбрана на тековната позиција на својата партија во однос на гласањето за ратификација на Преспанскиот Договор. Но, тој само успеа да ја збуни публиката со дузина длабоко противречни изјави, кои ги оставија повеќето грчки гласачи убедени дека се’ почесто неговите бесмислени брборења со анти-Преспанските позиции на неговата партија се всушност само обид да остане на власт уште неколку месеци, наместо да ја искористи својата мала партија, заедно со опозицијата, за да го блокира процесот за ратификација на договорот за името во грчкиот парламент и да го поддржи гласот на недоверба на СИРИЗА, чекор кој би довел до предвремени избори.

Каменос ги лаже сите

Независно дали станува збор за координирана стратегија, или едноставно за најнова тактика за оваа сезона, јавните изјави на Каменос, наменети да измамат, од оваа недела за Преспанскиот Договор, сепак успеаа да ги збунат не само локалните политички аналитичари, туку и неговите коалициски партнери и неговите политички противници. Во изминатите неколку денови Каменос ги даде следните изјави:

– Партијата АНЕЛ ќе гласа против Преспанскиот Договор, кога тој ќе дојде во грчкиот парламент за ратификација
– „Независни Грци“ одлучија дека нема да поддржат никаков глас за недоверба на коалицискиот партнер СИРИЗА, дури и ако тој повторно биде внесен, како што веќе се случи во врска со ратификацијата Преспанскиот Договор.
– Каменос објави дека тој ќе поднесе оставка, а неговата партија АНЕЛ ќе го сопре своето учество во процедурите за ратификација, веднаш откако владата на Зоран Заев во Скопје ќе го заврши процесот на ратификација (13-ти декември, 2018 година). Тој се обиде да ја повлече оваа своја изјава подоцна истиот ден, но тоа го направи само делумно со тоа што го промени датумот за оставка со датумот на пристигнување на спогодбата во грчкиот парламент, откако доби неколку повици од своите политички сојузници од СИРИЗА.
(и много порано годинава) – Нема апсолутно никакви шанси властите во Македонија успешно да ги завршат процедурите за ратификација на Преспанскиот Договор, така што тој никогаш нема да стигне до грчкиот парламент.

Магистрала кон политичка провалија

Повеќето од последните истражувања на јавното мислење во Грција не даваат поводи за оптимизам за иднината на АНЕЛ, зошто партијата никако не успева да го достигне потребниот минимум од 3 отсто за да си обезбеди пратенички места во парламентот во грчкиот збунувачки специјален пропорционален изборен модел. Освен ако нешто драматично не се смени и „Независни Грци“ не завземат цврста позиција против Преспанскиот Договор, и едноставно да се тргнат од процесот и да остават независните пратеници и другите мали партии да играат заедно со СИРИЗА и да ја обезбедат ратификацијата на Преспанскиот Договор, самата партија едноставно заминува во заборавот.

Тоа е дилемата која е исправена пред Каменос, иако повеќето анкети покажуваат убедлива победа за идеолошки различната десно-центристичка партија „Нова Демократија“, на следните парламентарни избори во Грција.

Измените на македонскиот устав се задоволувачки

Понекогаш проблематично, тековниот процес за измени на Уставот на Македонија се очекува да биде завршен до 15 јануари 2019 година, според претседателот на македонскиот парламент Талат Џафери. Атина одвојува специјално внимание на измените и даде знак дека најновите предлози за измени, кои сега се однесуваат на „дијаспора“, наместо на проблематичниот (за Атина) термин „македонски народ, кој живее во соседните држави“ е задоволувачки и дека се искористени паралели со слични референци во грчкиот устав.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.