Пресретнат авион над Аризона во текот летот на Трамп

Борбените ловци од типот „F-16“ на американските воздухопловни сили пресретнале и придружиувале авиони кој навлегол во затворениот воздушен простор во текот на патувањето на претседателот Доналд Трамп во сојузната држава Аризона, објави Северонаериканската заедничка команда за воздупна одбрана (NORAD).

„Ловец F-16 од составнот на NORAD околи 14 часот по локано врме (23 часот по македонско во средата) следеше летало од цивилното воздухопловство кое не одржуваше контакт со контролорите на летањето и без дозвола се најде во привремената зона на ограничено летање над градот Булхед Сити во Аризона“, соопшти американската команда.

Според соопштението, екипажот на авионот натрапник „не реагирал на маневрите за негово пресретнување, но стапил во контакт преку радиоврската кога F-16 истрелал сигнална ракета“.

„Авионот на NORAD го придружуваше леталото до зоната за забранети летови без натамошни инциденти“, се додава во соопштението.

Американскиот претседател Трамп еден час претходно имаше предизборен собир со своите поддрживачи во Булхед Сити.