Престрелка во Маџари, од украдено возило во движење пукале кон полицајци

Во Полициската станица Гази Баба, М.Т.(51) од Скопје вчера во 8 часот пријавил дека во периодот од 16.30 часот на 13.03 до 07.00 часот на 14.03.2021 на ул.„Среќко Пужалка“ во Скопје му било одземено неговото патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки.

На 14.03.2021 на ул.„Маџари“, полициски службеници го забележале возилото и почнале да го следат, а по кратко време лицата кои се превезувале го оставиле возилото и се дале во бегство.

Тие не застанале на предупредување од полициските службеници, а едно од лицата испукало еден куршум кон нив, но не ги повредил. Исто така, полициски службеник испукал еден куршум во воздух.

Возилото било вратено на сопственикот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.