Пресуда за Верушевки за недозволено држење оружје

Основниот суд Скопје 1 денеска ќе му изрече пресуда на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, по обвинението против него за недозволено држење оружје.
верушевски на судење за недозволено држење оружје

Основниот суд Скопје 1 денеска ќе изрече пресуда за Верушевски, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, за недозволено држење оружје.

Верушевски, според Обвинителството и по прекинување на работниот однос во МВР не се раздолжил од пиштолот марка „црвена застава“, па оттука се гони за за кривичното дело недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Според Верушевски, пак, досега МВР со ниту еден правен акт нема адресирано барање до него за да го врати оружјето, кое го поседувал од 1982 година. Одбраната во текот нa главната расправа тврдеше дека не може да стане збор за неовластено држење оружје, од причини што не престанал правниот основ кој настанал со потврдата за задолжување.

Верушески: Белешката од МВР за пиштолот е сеуште на сила

Верушевски во завршниот збор потенцираше дека и сведокот од МВР посочил дека службената белешка од МВР за службениот пиштол е сеуште на сила и не е временски ограничена.

верушевски вели дека службената белешка од МВР за службениот пиштол е сè уште на сила и не е временски ограничена.
верушевски на судење

„Очекувам дека станува збор за административно-правни недостатоци во работата на УБК и на МВР, поради што е настаната оваа ситуација, бидејќи доколку постоеше поинакво објаснување, ќе имаше и соодветна документација за истото“, рече тој. Бранителите и во завршните зборови останаа на позицијата дека во никој случај не може да стане збор за кривично дело и дека единствената санкција за постапување спротивно на Упатството на МВР, пресуда за Верушевски може да биде или дисциплинска или парична казна.

Тие потсетија на предмет што се водел во Основниот суд во Струга пред неколку години, каде што Верушевски бил сведок и во кој се споменува истото оружје кое тогаш воопшто не било оспорено од надлежното јавно обвинителство и од судот.

Според одбраната, документацијата и на доказите изведени на главната расправа недвосмислено укажуваат на задолжување на оружје од страна на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), односно Кабинет на Управата, а не за лично задолжување на Верушевски. Обвинителката, пак, во својот завршен збор направи анализа на доказите истакнувајќи дека се докажувало делото што му се става на товар. Таа побара од Судот да го прогласи Верушевски за виновен, притоа ценејќи ги олеснителните и отежителните околности. „На обвинетиот му престанало својството на лице со посебна должност и тој имал обврска да се раздолжи од оружјето“, потцрта таа. Пресуда за Верушевски се очекува денеска.

Ексразузнавачот Верушевски исто така е првообвинет во случајот „Пуч“, за кој стартот на главната расправа е закажан за 5 август.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.