Пресуда за скопјанецот кој му се закануваше на Заев

Јавното обвинителство соопшти дека 45-годишниот скопјанец Д.Д. е осуден условно на една година затворска казна по заканите кои лани му ги упатувал на Зоран Заев, тогаш како премиер, на социјалните мрежи.

Д.Д. беше обвинет поради загрозување на сигурноста на тогашниот премиер, а сега ја признал вината, информираат од обвинителството, по што била донесена одлука дека нема да ја издржува казната доколку во следните три години не стори ново кривично дело.

Од 23 до 24 јули минатата година обвинетиот во повеќе наврати, со коментари на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна против оштетениот. Со објавените фотографии и коментари тој директно повикувал на физичка ликвидација на оштетениот.