Пресуда

Само глумците се исти. Целата екипа. Ако те удри длабок сон, и се разбудиш, да речеме, после десет години, ништо немаш загубено.

Режисер: Владимир Милчин. Продуцент: СДСМ мувис ентертејмент.
Глумци: Геро Анаконда, Сашо Штампар Орданоски, Кате Македонска Цаневска… на тема – нормално, слобода за новинарството, смрт на тираните, долу диктатурата, крај на притисоците, сите освен нас се лошите… најпосле, хепиенд: власт за СДСМ. Природно, без избори.
Формален мотив, протест против пресуда затвор за Томислав Кежаровски, новинар во Нова Македонија, осуден за оддавање и објавување идентитет на заштитен сведок во постапка за нарачано убиство. Да, ни помалку ни повеќе.

На Денот на македонската борба, на националниот празник, спонзорушата на ДУИ, Насер Селмани, на хонорарна задача Шеф на ЗНМ, организира протести пред Музејот на ВМРО, на народната борба.

Верувам дека на Насер Селмани ништо не му значи празникот на македонската борба. Како што верувам дека на денот на албанското знаме не би организирал протести пред музејот на УЧК, бесправно отворен во Чаир.

Ама, мене ми значи. Без тој празник, и настаните врзани за тој ден, ни Крушевска ни АСНОМ-ска Македонија немаше да ја има. Што, верувам, на Насер Селмани не би му паднало тешко. Ама на нас, тоа ни значи.

Па, според тоа, и наведениот систем на критеруми, за мене протестот што го организираше Насер Селмани, на ден на национален празник, пред национален музеј посветен на национална борба – е навреда за Македонците.

И не му е прв пат. И не е случајно.
Овојпат, излегоа со маици на кои пишуваше: слобода за Кежаровски.
Што има врска случајот Кежаровски со националниот празник, и со протести пред национален музеј посветен на националната борба. Нема врска.

Нема врска, ама има намена. Празникот да помине во сенка на нивните протести и, наместо да се чувствуваме горди, да се делиме и срамиме.

И, да ти кажам, срам ми беше.
Од сите новинари таму, а беа едвај десетина, имам поголем стаж, поголем рејтинг и углед, повеќе школо и повеќе години зад себе. И, со сиот тој авторитет ни во сон не би си дозволил да провоцирам национални чувства на македонскиот народ, кој не е само тука во Македонија, за свои потреби.

Тоа е како на Денот на државноста, 4 Јули, да организирам протести пред влезот каде што доаѓаат гостите на прием во Американската амбасада, затоа што го гонат Сноуден кој открил дека Америте ги шпионирале сите.

Патем, Сноуден не е осуден за ниедно кривично дело.
Сосема сум сигурен дека никој од гостите што доаѓаат на приемот не би ме поддржал во протестите, пред се заради времето, местото и безобразлукот.

Гледам, европратеникот, илити амбасадорот на Унијата Ораф бил на Камен мост да ѕирка оддалеку што се случува. Да тера сеир. Не смеел да оди на лице место затоа што тоа е сериозен дипломатски прекршок. Ама бил воајер.

Па, плавушане од земјите на студот и долгите ноќи, како би ти било на денот на твојата држава, или на Европската унија, да дојдеме и ти ја растуриме забавата, и приемот, со протести заради тоа што во мојата земја, мојот народ го нарекуваш славомакедонци, а државата во која тераш кариера ти е ФИРОМ.

Патем, ти се извини за ова, ама делото го повтори и потоа.
Селмани си ја заврши работата. Повеќе од било кој му го загорчи животот на новинарот Кежаровски. Ама му одработи на ДУИ и на СДСМ.

До тие протести пред музејот новинарите, помалку или повеќе, беа единствени дека на Кежаровски мора да му се обезбеди фер судење, и пресуда со јасна и прецизна дистинкција, ограда од намери да му се суди заради новинарски текст, туку само за факти утврдени дека се предмет на кривично дело.

Арно ама, судот пресуди дека имало прекршок. И тоа тежок. Дека со оддавање на идентитетот на заштитениот сведок на лицето му е загрозен животот. Дека, по откривање на идентитетот се случува менување на постапката во која заштитениот сведок се појавува, судење за нарачано убиство. Судењето од пресуда за убијците и нарачателите, паѓа заради повлекување на сведоците.

И, сега, што имаме. Можните убијци да шетаат на слобода, убиените се таму каде што се и нема им мрдање, а Селмани ја брани причината за тоа.

Му треба настанот. И на него, и на ДУИ и СДСМ им треба. На нас ни треба ред и мир. Ако падне институција заштитен сведок, многу тешки кривични дела нема да можат да се докажат. Помеѓу останатото, ни убиството на петтемина кај Смилковско Езеро. И таму има заштитен сведок чиј идентитет е веќе во најава за откривање. А, потоа, нема сведок, нема пресуда.

Ако тука поминеше неказнето откривањето на заштитен сведок, сите заштитени сведоци потоа, па и оној за настанот кај Смилковско, ќе се повлечат.

Не бил случајот Кежаровски така наивен. Ни малку.
Но, и покрај тоа, сметам дека Кежаровски треба да се брани од слобода.
Бандата од шефови во ЗНМ, од сегашниот Селмани, па наназад дваесет години, вклучително и баграта од Сорос Институтот на чело со Владимир Милчин, го знае ова. И тоа добро го знае од првиот ден. Ама им треба за да се гради страв, недоверба и гнев во јавноста во корист на Шекеринска и Бранко.

Па, шта кошта да кошта. А цената е прилично висока.
Никогаш таа банда не била заинтересирана за новинарите. Кога новинари објавија снимки од испитувањето на Љубе Бошковски во кои го кодоши Јохан Тарчуловски, таа банда остро и без задршка се дигна – против новинарите.

Кога моите пријатели до СДСМ организираа митинг пред Сител, навредуваа, се закануваа и кршеа закон… бандата застана – против новинарите.

Бандата, на чело со Милчин и под неговите сталински мустаќи, потпиша колективна тужба – против новинар.

А за тоа време, носеа маици со поддршка на Велија, на Љубе, на Заев, на Кежаровски… на секој што може да биде во функција на нивната партија.

Дури и на Велија кој, заедно со гореспоменатиот Геровски, остави над сто новинари на улица избркани по укинувањето на весниците Шпиц, Време и два неделника кои излегуваа од под мустаќите на Милчин, и над магацините на Велија во кои илегално се произведувале и пакувале смоки.

Новинарите им требаат како кусур во компензациите за нивните кариери.
Во пратеничкиот клуб на СДСМ седат двајца новинари на Велија. Еден од нив е мутантот Сафет Бишевац, из села Рибариќи, кој на партискиот митинг на Црвенковски пред Сител држеше и говор – против новинарите.

Па, бандо соросоидна, што имате под маиците. Срце немате, сигурно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.