Пресудата во процесот против Саркози на 30-ти септември

Судењето на поранешниот француски претседател Николас Саркози поради преголемите трошоци во неговата претседателска кампања во 2012 гоина е завршено во вторникот вечерта во Париз, а судот пресудата ќе ја донесе на 30-ти септември.

Обвинителството бара за Сарози една година затвор, од кои шест месеци условно и 3.750 евра казна во судењето за „незаконско финансирање на изборната кампања“. Одбраната, пак, во вторникот бараше ослободување на својот клиент прер судот за прекршоци во Париз.

Николас Саркози „не потпишал никава смета и се согласил на сите рестрикции кои од него биле барани. Тој воопшто не беше хистеричен и алчен кандитат. Тој ги почитува правосудните вредности“.

На поранешниот претседател, кој не се појави на ова последно прочиште, му се судеше од 20-ти мај, заедно со уште 13 сообвинети, поранешни членови на UMP, неговата поранешна конзервативна партија Унија за народно движење која подоцна се преименува Републиканци, и компанијата „ Bygmalion“, задолќена за организирање на предизборните собири, како и со членови на изборниот штаб и сметководителите.

За другите обвинети е побарана условна затворска казна од осум месеци до четири години и високи парични глоби.

Истрагата на обвинителството се обиде да докаже дека партијата на Саркози преку лажните сметки потрошила речиси двојно повеќе од законски дозволените 22,5 милиони евра, на екстравагантни собири а пота изнајмуле пријателска агенција за односи со јавноста да ги прикрие трошоците.

Обвинителите во тужбата признаа дека нивната истрага не успеала да докаже дека Саркози бил организатор или дека учествувал во шемата, но тврдеа дека од тоа имал полза и дека морал да биде свесен за тоа. „Тој е единствено одговорен за трошоците на кампањата“, тврдеа обвинителствата.

Николас Саркози во март годинава стана првиот поранешен претедател на Петтата Република, воспоставена во 1958 година, осуен на азна строга затвор – три години затвор, од кои еден строг затвор, за корупција и за тргување со влијание во ругкиот предмет наречен „Прислушување“. Поранешниот претседел се жалеше на оваа судска одлука, и се очекува правосилност на пресудата.