Пресудата за одземање на штабовите е диктирана од СДСМ и е дефокус од поскапувањата и грабежот на народот, ВМРО ДПМНЕ не се објектите, туку народот

Пресудата за случајот Талир е диктирана во СДСМ, и тоа од седиштето кое е нелегално присвоено како поранешен објект на МОН. Ова го прават не затоа што се силни туку затоа што се слаби и знаат дека народот не ги сака и рејтингот на СДСМ тоне.ВМРО ДПМНЕ не се објектите, туку народот. Пресудата на Талир е дефокус од животот во национална катастрофа, поскапувања и грабеж кој се прави на народот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека обвинителството и судот се продолжена рака на СДСМ.

– Пресудата во случајот Талир 2 е предвреме напишана. Истата е обзнанена неполни 24 часа по завршните зборови. Кога судијката најде време да ги анализира завршните зборови, и кога најде време да ја напише пресудата. За разлика од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е стекнат легално, СДСМ има узурпирано имот на МОН. СДСМ е единствена партија во светот која за партиско седиште има зграда на Министерство за образование. Партиското седиште на СДСМ наместо студентски дом како за студентите на Медицинскиот факултет сега е седиште на најкриминалната партија. СДСМ треба да каже како го стекнале своето седиште кое е симбол на луксуз? Институциите треба да го истражат случајот како државна зграда станала партиски штаб, се посочува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека веќе е премногу, и повикуваат на протест за промени на 18 јуни во 20 часот пред влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.