Пресудена најстрогата казна за навреда на тајландската монархија, 43 години затвор

Тајландскиот суд во вторникот осудил 65 годишна жена на повеќе од 43 години затбор поради критикувања на кралското семејство, соопшти за медиумите нејзината адвокатка, а станува збор за најстрогата казна некогаш пресудена во Тајланд за навреда на монархијата.

Пресудата е донесена во периодот на досега невидените протести на тајландската младина на кои отворено се критикува монархијата, и покрај строгиот тајландски закон познат како „лесе мажесте“ (lèse majesté на француски, односно crimen laesae majestatis на латински – навреда на величеството), кој предвидува казна затвор од 15 години за секое кршење на споменатиот закон. Станува збор за кривично дело коешто се состои во непочитување на изјава во врска со монархот или кон неговите индивидуални постапки.

Анчан Преелерт ја признала вината за 29 посебни кршења на законот со споделување и објавување објави на YouTube каналот и на Facebook во периодот меѓу 2014 и 2015 година, појасни за медиумите нејзината адвокатка Павинее Чумсри.

Жената првично била осудена на 87 години затвор, но поради признавање на вината, судот ѝ ја преполовил казната.

„Ова е најстрогата казна некогаш изречена за случлај кој се водел според законот лесе мажесте“, појасни Павинее која е член на здружението Тајландски адвојата за човекови права.

Додаде дека на нејзината клиентка сега ѝ останува можноста за жќалба на две повисоки судски инстанци.

Полицијата извршила рација во домот на Анчан Преелерт во јануари 2015 година, повеќе месеци откако во воен удар ја собори тајландската цивилна влада.

По воениот удар во 2014 година, најмалку 169 лица се обвинети за кривични дела според споменатиот закон. Властите накусо престанаа да го применуваат во 2018 година, но полицијата повторно го врати на сила по безредијата и масовните протести на кои се критикуваше моранхијата.