Пресуди на Судот на ЕУ против Унгарија и Полска

Судот на Европката унија во вторникот пресуди дека Унгарија го крши правото на Евроспакта унија во врска со поднесувањето на барањата за азил, како и против Полска поради политичка контрола над судските одлуки, што е нова епизода од конфронтацијата меѓу неолибералнот естаблишмент во Брисел и суверенистичките влади во Будимпешта и во Варшава.

Судот утврдил дека наводно унгарскиот закон кој пропишува дека барањето за азил е неприфатливо доколку барателот на азил доаѓа од трета земја која е оценета како сигурна, не е во согласност со правото на Европската унија.

Судот на ЕУ, исто така, оценил дека е спротивен на законите на ЕУ и унгарскиот закон со кој се криминализираат активностите во помагањето на лица да поднесат барање за азил. Станува збор за дел од пакетот колоквијално нарече во Унгарија „Стоп Сорос“, според кој лицата или организациите кои помагаат на бегалците илегално да ја минат унгарската граница и да поденсат барање за азил, може кривично да бидат години. Унгарија со години го обвинува американскиот берзански шпекулант Џорџ Сорос дека преку својата фондација го финансира и организира огромниот наплив на бегалци и мигранти од Блискиот исток и Африка во Европа.

„Судот пресуди дека Унгарија ги прекршила обврските кои ги има врз основа на Директивата за Постапките со тоа што овозможила барањето за меѓународна заштита да се отфрли како недозволен, бидејќи неговиот подносител стасал на најзината државна територија преку држава во која не е изложен на прогон ниту опасност од настанокл на тешка штета, односно во која му е осигурано доволно ниво на заштита. Имено, во Директовата за Постапките таксативно се набројуваат ситауциите во кои државите членки може да сметаат дека барањето за меѓународна заштита е недозвилено. Меѓутоа, причината за недозволеноста предвидена со унгарскиот пропис не одговара на ниедна од тие ситуации“, се вели во соопштението на Судот на ЕУ.

Судот, исто така, пресудил дека „Унгарија ги потврдила обврските кои ги има врз основа на Директивата за Постапките и Директивата за прифаќањето со тоа што во своето национално право го криминизирала однесувањето на секои лице кое во рамките на активностите за организирање помош при изразувањето намера за поднесување барање за азил, односно при носењето на таквото барање на нејзиното државно подрачје, кога е можно да се докаже, вон секое разумно сомневање, дека тоа лице било свесно дека тоа барање врз основа на тоа право нема да моќе да биде прифатено“.

Во однос на Полска, Судот на ЕУ утврдил дека е противен на правото на ЕУ системот кој е на сила во оваа земја, со кој му се овозможува на министерот за правосудство сидиите да се упатат на работа во кривичните судови од повисок степен а дека тој министер, кои истовремено е и главниот државен обвинител, што патем е идентично американскиот систем, може тоа упатување во секој момент да го заврши без образложение.

„Почитувањето на барањето за незавосност особено се наложува правилата за упатување на судиите да пружаат потребни гаранции за да се избегне секоја опасност од употребата на тоа упатување како средство за политичка контрола над содржината на судските одлуки. Во тој поглед Судот истакнува дека, иако фактите дека министерот за правосудство може да ги упатува судиите само со нивна согласност претставува важно постапувачка гаранција, сепак, постојат низа елементи коишто, според мислењето на судот кој го упатил барањето, му овозможуваат на министерот за правосудство да влијае на тие судии и кои можат да предизвикаат сомневање во неговата независност“, се вели во соопштението на Судот на ЕУ.

Судот додава дека тој систем „може да доведе до заклучок дека министерот за правосудство да има, врз основа на непознати критериуми, овластување да ги упати судиите во судиите од повисок степен и да го заврши нивното упатување а притоа да не мора да ја образложи таа одлука, со ефектот да, во текот на периодот во кој тие судии се упатени, не уживаат гаранции ни независност кои инаку би морало да ги ужива секојо судија во држава со владеење на правото. Таквите овластувањеа не може да се сметат споиви со обврската за почитување на барањето за независнсот“.

Во очекување во текот на денот се официјалните реакции на Унгарија и Послка на овие пресуди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.