Пресврт на Ливерпул против Борнмут, нов кикс на Тотенхем

251

Фудбалерите на Ливепрул во саботата на свој тереен во 29-то коло од англиската Премиер лига со совладаа Борнмуте со 2:1, а Арсенал за еден гол беше подобар од Вест Хемм, а Тотенхем освои само бод на гостувањето кај Барнли.

Во последниот дуел од саботната програма Барнили поведе со голот на Кирс Вуд во 13 минута, а ремито на Тотенхем му го донесе Деле Алли во 50 минута од пенал.

Со тоа продолжи црната серија на Тотенхем кој во последните 17 дена беше елиминиран во ФА Купот од Норич, во првенството беше поразен од Вулверхемптон со 2:3 и од Челзи со 1:2, а во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите дома беше поразен од РБ Лајпциг со 0:1.

Тотенхем остана на 8-то место со 41 бод, бод помалку од седмиот Манчестр Јунајтед кој има меч помалку а го држи последното место кое води во Лига Европа, и бод повеќе од деветтиот Арсенал кој исто така има меч помалку. Барнило пал, сега е десетти со 39 бодови.

Веќе во 9 минуата Калам Вилсон го шокираше „Енфилд“, но Ливерпул усепа да направи целосен резултатски пресврт уште во првото полувреме со головите со Мохамед Салах во 25 и Садио Мане во 33 минута.

Тоа му донесе олеснување на Јирген Клоп, имајќи ги предвид трите пораза , од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, од Вотфорд во првенството и од Челзи во ФА Купот, пред реваншот во среда. Во лигата на шампионите „Редси“ ќе мора да го надоместат заостанувањето од Мадрид од 0:1.

Ливерпул на врвот има 82 бода, пред второпласираниот Манчестер Сити со 57 бодови и два натпревара помалку, а третиот Лестер ина 50 бодови. Борнмут, пак, остана на 18-то место кое води во втората лига, во групата со 27 бодови на 18-то место кое води

Вулверхемтон, кој се надева на пласман во Лигата на шампионите следната сезона, дома со Брајтон одигра без голови. Вулверхемтон е петти со 43 бодови, два помалку од четвртиот Челзи и во моментов има позиција за квалификациите во најелитното клупско првенство. Брајтон со освоениот бод дојде до вкупно 29 кои го носат на 15-то место кое му гарантира опстанок во Премиер.

За опстанок се боди и Вест Хем Јунајтед кој на гости од Арсенал беше поразен со 0:1, а решавачкиот погодок го постигна Александр Лаказет во 78 минута.

Арсенал сега е деветто со 40 бодови, три бода помалку од позициите кои водат во Лига Европа, а Вест Хем со 27 бодови е на 16-то место, во групата екипи кои се борат за опстанок.

И новајлијата во Премиер лигата, Шефилд Јунајтед има шанси да оствари пласман во Лигата на шампионите, а на домашен терен го победи последниот Норич (кој остана на 21 бод) со голот на Бил Шарп во 36 минута. Шефилд сега е шести со 43 бодови двва помалку од петтиот Вулверхемптон кј има меч повеќе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.