Пресврт на Реал за 17-ти финеле во Лигата на шампионите

Madrid, Spain, Wednesday, May 4, 2022. (AP Photo/Manu Fernandez)

Во финалето на фидбалската Лигата на шампионите на 28-ми мај на парискиот стадион „Стад де Франс“ ќе играат Ливерпул кој во вторникот го елиминираше Вилјареал, и мадридски Реал кој на својот „Сантијаго Бербабеу“ во средата ноќта по продолженијата со 3:1 го победи Манчестер Сити надоместувајќи го поразот од 3:4 од првиот меч.

Реал никогаш не минал во финалето кога загубил во првата полуфинален меч, без разлика на домашен или на гости. Осум пати бил неуспешен, сѐ до вечерва кога во своето 31-во полуфинале од Купот/Лигата на шампионите со голем пресврт стасаа до победата. За Сити ова беше само третото полуфинале во историјата и вториот пораз. Во премиерното полувреме во 2016 година беа елиминирани токму од Реал, додека лани го минаа ПСЖ, но во финалето загубија од Челзи.

Сити поведе во 73 минута со голот на Ријад Марез, и се чинеше дека ќе следува англиска пресметка во финалето во Париз, но Реал во судиското продолжение на мечот со головите на Родруго во 91 и 92 минута успеа да дојде до продолжувањата, а Карим Бензема од пенал во 95 минута ги постави конечните 3:1.

На „Сантијаго Бернабеу“ беше одиграна упте една одлична претстава како и минатата седмица во Манчестер, иако не толку разиграна и ефикасна. Меѓутоа, многу понапната и подраматична.

Реал во мечот влече подобри и уште во 4 минута Карим Бензема имаше добра ситуација. Карвахал нафрли, но Бенезема овојпат не беше превизен со глава. Во 18 минута се закани Винициус, но лоѓшо шутираше. Првата сериозна можност Сити ја имаше во 20 минута, кога Кевин де Брујне го проигра Бернардо Силва кој шутираше, но Тибо Куртоа го одбрани неговиот удар. Следеше нова шанса за домашните, Тони Крос шутираше од слободен удар, но топката заврши од живиот ѕид во корнер. Во 40 минута Фил Фоден возврати, но Куртоа уште еднаш беше сигуран, па првиот дел заврши без голови.

Уште во првата минута од вториот дела Реал имаше одлична можност, но Винисиус Жиниор не реагираше најдобро на одличното додавање на Карвахаљ. Притисокот на „Кралевите“ можеше да донесе промена на резултатот во 50 минута, кога Винисиус мина на крилната позиција, и со повратна топка го проигра Лука Модриќ кој веднаш шутираше, но неговиот удар го блокираше гостинската одбрана.

Конечно мрежата се затресе во 73 минута, по убавата акција на англискиот тим. Гундоган додаде до Бернардо Силва, а овој го проигра Ријад Марез кој го погоди поблискиот агол од голот на Куртоа. Ова беше седмиот гол на алжирскиот играч сезинава во Лигата на шампионите со што стана најефикасен играч на Сити во ова натпреварување во историјата на клубот.

Сити можеше да го заклучи полуфиналето во 87 минута, но Менди од гол-линијата го симна ударот на Грилиш. Кога се чинеше дека тимот од Манчестер ќе оди на уште еден голем дуел со Ливерпул, се појави Родриго постигнувајќи два погодока во судиското дополнување за неверојатен пресврт. Прво веќе на истокот од 90 минута погоди за 1:1 на асистенција на Бензема, а нецела минута подоцна нафрлувањето на Карвахаљ со глава го претвори во 2:1 и продолжувања.

Неверојатното враќање на Реал во пресметката продолжи и во дополнителното време. Во 5 минута од продолжението Диас задоцни во еден стар соборувајќи го Бензема во својот шеснаесетник, а судијата Дани Орсато не се двоумеше да покаже на белата куќа. Бензема беше сигурен реализатор за 3:1, а тоа беше неговиот 43-ти погодок во 43 настапи оваа сезона. Сити можеше да се врати во живот во 104 минута, но Фернандињо задоцни на одличното нафрлување на Кансело.

Така Реал Мадрид дојде до своето рекордно 17-то финале, а воедно е и рекордер по освоените титули во Логата на шампионите – дури 13. За Ливерпул, пак, ова ќе биде 10-то финале, а досега победил во шеста а бил поразен во три.