Пресврт на Саутемптон за три бода кај Брајтон

Фудбалерите на Саутемтон успеја да направат резулататски пресвр на гостувањето кај Брајтон и да стасаат до целиот плен во последниот дуел од 11-то коло на англиската Премиер лига.

Домашните поведоа во 28 минута кога германскиот напаѓач -Паскал Грос реализираше најстрога казна. Но дербито на Јужна Англија сепак им припадна на гостите, за кои стрелци беа Јаник Вестергаард во 45 и Дени Ингс во 81 минута од пенал.

Саутемптон скокна на петтото место на табелата, последното кое воде директно во Лига Европа, со 20 бодови, еден односно два повеќе од двата клуба од Манчестер кои го следат на табелата – Јунајтед има 19 а Сити 18 бодови, но имаат и по натпревар помалку. Брајтон, пак, е 16-ти со десет бодови.

По долги години на чело на Премиер лигата е Тотенхем со 24 бодови, колку има и актуелниот шампион Ливерпул. Следат Чезли со 22 и Лестер Сити со 21 бод.