Пратеничката Фросина Ременски осомничена за малверзации во Меѓународниот сојуз на Боки 13

Пратеничката од владејачката СДСМ Фросина Ременски е меѓу новите осомничени лица во случајот „Рекет“, дознава телевизијата 24Вести.

Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, таткото на Боки 13, Миле Јовановски, асистенткта на Јовановски во „Меѓународниот сојуз“ и самиот Бојан Јовановски се петмината осомничени за перење пари во невладината „Меѓународен сојуз“, – дознава тв 24 од извори во истрагата.

За еден од нив се бара притвор, а за останатите мерки за претпазливост, се наведува во прилогот објавен на интернет страницата

Сите тие се осомничени за перење пари, помагање и измама. Проширувањето на истрагата за невладината на Бојан Јовановски Боки 13, доаѓа ден пред покренување на обвинение за случајот „Рекет“ во кој осомничена е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева.

Претходно во средата Државниот обвинител Љубомир Јовески во средата откри дека обвинителството отвори нов случај поврзан со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски или „Боки 13“, во кој се осомничени се пет лица од кои едно е функционер, а постапка се води и против едно правно лице.

Според Јовески, се гонат за кривични дела перење пари, измама и помагање.

Воедно, едно од осомничените лица како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт, се наведува во соопштението на Обвинителството.