Претепан 77 годишен старец, ограбен за 700 денари и облека

Седумдесет и седумгодишен прилепчанец вчера физички бил нападнат од три лица во својот дом. Напаѓачите му одзеле 700 денари и облека.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 14 часот било пријавено дека во Прилеп, на улицата „Белградска“ во домот на И.Т. (77), дошле три лица и физички го нападнале, а потоа му одзеле 700 денари и облека.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.