Барон Хилтон на својот „Инстаграм“ профил поставил фотографија на која се гледа неговото повредено лице.
Екипа на Брзата помош сакала да го однесе во болница, но тој одбил, па си заминал со својот автомобил.
Иако не ги открил причините за нападот, 24-годишниот Барон навел дека Линдзи Лохан стои зад тоа.
Неговата сестра, Парис, се вознемирила кога ја чула веста за нападот и рекла дека „никој не смее да си игра со нејзиното семејство и ќе се потруди виновниците да платат за тоа што му го направиле на нејзиниот брат“.