Претепан кандидат за претседател на Укрина

Кандидатот за претседател на Украина, Олег Царев, е во тешка здравствена состојба, откако бил крвнички претепан вчеравечер во Киев, јавува украинската новинска агенција УНИАН, пренесува Нетпрес.

Царев бил гостин во емисија на телевизијата Ај-Си, а додека траел ТВ преносот, зградата била опколена од агресивна вооружена толпа. Кога тој излегол надвор, бил нападнат. Претепани биле и неговите телохранители, а од неговото возилото напаѓачите извадиле три пушки, т.н. „пумпарици“, како и муниција за „калашников“. Напаѓачите му го оштетиле и возилото.

Инцидент доживеал и друг кандидат за претседател на Украина. Михаил Добкин од Партијата на регионите, кој требал да учествува во друга телевизиска емисија, бил испрскан со зелена боја и врз него било истурено брашно.