Претепан средношколец кај ЕТУЦ

Ученик бил претепан од неколку соученици, вчера кај кај ЕТУЦ „Михајло Пупин“ во скопската населба Маџари, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 11 часот на автобуската станица пред училиштето на улицата Благоја Стефковски.  Тогап група од пет до шест ученици од училиштето го тепале Н.С.(18) од Скопје. Кога дошла полицијата затекнала еден од напаѓачите. Се работи за 16-годишен малолетник од Скопје.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.