Претепаниот Игор од силеџиите на Заев: Сакаа да ме прегазат и со возило, полицијата не интервенираше

1284

Геге Демировски од Народната партија на Ромите се вклучи во живо со жртвата на вчерашната тепачка во Струмица, Игор, кој крвнички беше тепан од страна на десетина лица. Тој раскажа како ексалирала ситуацијата, но и детали кои ги немаше на вознемирувачкото видео, а тоа е дека обезбедувањето на Зоран Заев се обидело да го прегази со автомобил, но и дека иако полицијата го видела насилството, силеџиите им рекле да не се мешаат.

Демировски бара одговорност, но и одговори од премиерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.