Протест на независниот полициски синдикат

Во сабота со почеток во 10 часот пред хотел „Вип“ (Саем), Независниот синдикат на полицијата организира јавен собир во вид на протест.

Барањата на НСП во врска со најавениот протест се:  Признавање на НСП како РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН СИНДИКАТ ВО МВР,  НОВ КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР во МВР и Шумска полиција,  Подобри услови и права за ПОДОБАР ЖИВОТ,  ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО во МВР,  СТОП за пресметка со СИНДИКАЛНИТЕ ПРЕСТАВНИЦИ НА НСП,  СТОП за НЕЗАКОНСКИТЕ ПРЕРАСПОРЕДУВАЊА,  Покачување на ПЛАТИТЕ ЗА 25 отсто  во полицијата, пумската полиција, затворската полиција и судската полиција.

На одржаниот јавен собир се очекува присуство на повеќе од 500 вработени во наведените институции. Релација на движење на масата (пешки или со возила)  од 10.00 часот до 10.30 часот, зборно место пред хотел „Вип“ (Саем). Поаѓање на колоната е закажано во 10.30 часот и движење до ТЦ „Мавровка“ – „Веро Џамбо“ – „Црвен крст“- Републичко Собрание – крстосница „Палома Бјанка“- кон „Илинденска“ до пред Влада на РМ. Протестот е планиран да заврши околу 14.00 часот.  Во 13.00 часот планиран е ПРЕС пред Владата на РМ