Претежно облачно, поинтензивни врнежи попладне

Времето во понеделникто во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои околу пладне ќе бидат поинтензивни на западот, а во вечерните часови ќе се интензивираат на истокот од земјата, каде локално ќе наврнат дополнителни 20 л/м2 дожд за 24 часа.

Во јужните региони, каде се очекуваат и сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура се движи од 11 до 12, а максималнатадневна  ќе достигне од 11 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни попладне. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе достигне до 15 степени.

Во вторник попладне и среда претпладне ќе има престанок на врнежите и повеќе сончеви периоди. Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради заладување, на планините на северозапад ќе врне снег.

Од вторник повремено ќе дува засилен северен ветер.