Претежно сончево и потопло со температури до 16 степени

Претежно сончево и потопло. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.

Во Скопје наутро со услови за појава на слаба магла, во текот на денот сончево. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 13 степени.

И во петок ќе преовладува сончево и потопло време, претпладне со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, температурата повторно ќе се намали за неколку степени, а облачноста ќе се зголеми, па во следните денови ќе преовладува променливо облачно време.