Претежно сончево и студено

Во Македонија во средара ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Минималната утринска температура ќе се движи во интервалот од минус 13 до минус 5C, а максималните во текот на денот ќе се искачат до минус 3 односно до 5 Целзиусови степни.

Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во текот на денот температурата ќе достигне до 3 степена.