Во Македонија во понеделникиот времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има локално зголемување на облачноста проследено со врнежи од дожд.
Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Утринските температури се движат од 5 степени во повисоките места и планинските предели до 13 степени во јужнисте региони. Максималните дневни соодветено ќе се движат во интервелот меѓу 14 и 26 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне облачноста повремено ќе се зголемува и во делови од котлината е можен краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура достигна 10, а максималната дневна ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.