Претежно сончево, температурата до 35 степени

Времето во Македонија во вторникот сончево со мала локална облачност претежно во планинските региони, ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер кој во пределот од кумановско до штипско краткотрајно ќе засилува.

Минималната утринска температура се движи во интервалот од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 35 Целзиусови степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Следува период на значително топло време за овој период од годината. Кон крајот на работната недела ќе се зголемат условите за појава на нестабилност и пороен дожд проследен со засилен ветер.