Претежно ведро со студено утро, преку ден малку потопло

Во Македонија во средата ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

По доста ниските температура утрово кои се движат од минус 9 степени на повисоките планински предели до 0 степени на југот, максималните дневни ќе се движат во интервалот меѓу 0 и 10 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а максималната температура ќе се искачи до 9 степени