На Волстрит се тргуваше претпазливо во вторникот, како и претходниот ден, а индексите не варираат значително, бидејќи инвеститорите се претпазливи пред објавувањето на новиот извештај за инфлацијата во САД, што може да влијае врз насоката на пазарот.
Индексот Dow Jones загуби 0,25 отсто, на 38.972 поени, додека S&P 500 зајакна 0,17 отсто, на 5.078 поени, а индексот Nasdaq зајакна 0,37 отсто, на 16.035 поени.
Откако минатата седмица индексите силно пораснаа, благодарение на еуфоријата за развојот на вештачката интелигенција, пазарот во последните денови беше претпазлив. Како што измина пикот на сезоната за објавување на деловните резултати на компаниите, макроекономските податоци и шпекулациите за тоа кога американската централна банка ќе почне да ги намалува, каматните стапки се враќаат во фокусот на инвеститорите.
Откако неодамнешните податоци покажаа дека инфлацијата во САД неочекувано порасна во јануари, намалувањето на каматните стапки на Fed во март веќе не се ни споменува на пазарот, а изгледите за намалување во мај се избледени. Дотолку повеќе што челниците на Fed велат дека нема потреба да се брза со намалување на каматните стапки. Така, сега преовладува мислењето на пазарот дека Fed ќе почне да ги намалува каматните стапки на седницата во јуни.
Најочекуваниот извештај за индексот на потрошувачките цени, кој Fed внимателно го следи, ќе биде објавен во четврток. Доколку се покаже дека инфлацијата не попушта, како што се проценува, пазарот би можел да се најде под притисок, имајќи предвид дека цените на акциите речиси континуирано растат во последните месеци.
И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера пораснаа. Сепак, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,02 отсто, на 7.683 поени, но франкфуртски DAX зајакна за 0,76 отсто, на 17.556 поени, а париски CAC 0,23 отсто, на 7.948 поени.