Претпазливост на светските берзи, скок на Волстрит

На светските берзи минатата седмица се тргуваше претпазливо, при што цените на акциите на Волстрит пораснаа првпат по две седмици паѓање.

На европските берзи минатата седмица се тргуваше многу внимателно. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,1 отсто, на 7.401 поен, а франкфуртскиот индекс DAX скокан за 0,1 процент, на 12.167 поени, додека парискиот CAC индекс, пак, ослаби за 0,2 отсто, на 5.104 индексни поени.

И на токиската берза индексот Nikkei минатата седмица ослаби, за 0,1 отсто, на 19,452 поени. Тоа е веќе шеста седмица по ред како слабее највлијателниот азиско-пацифички индекс.

На њујоршки Волстрит минатата седмица индексот Dow Jones зајакна за 0,65 отсто, на 21.813 поен, додека индексот S&P 500 порасна за 0,7 проценти на 2.443 поени, а Nasdaq индексот скокна за 0,8 отсто, на 6.265 индексни поени.

Подемот на овие индекси првпат по две седмици пад во прв ред дојде благодарејќи на надежите дека американскиот Конгрес во рокот до крајот на септември го постигне договор за финансирање на државата и зголемување на горниот лимит за јавниот долг.

Меѓутоа, ни минатата седмица не мина без политички судири во Вашингтон. Така американскиот претседател Доналд Трамп во средата порача дека ѕидот кон Мексико ќе биде изграден па макар владата да мора да престане со работата, а ден потоа дека челниците на групите во Конгресот можеле да ја избегнат законодавната збрка доколку го послушале неговиот совет за зголемување на горната граница на јавниот долг. Така повторно упати критики на сметка на републиканците чијашто поткрепа му е потребна за да ја спроведе својата програма.

Прозваниот челник на Претставничкиот дом на Конрексот, републиканецот Пол Рајан, изјави, пак, дека Конгресот во рокот ќе го зголеми плафонот за државно задолжување и дека постојат низа начини да е избегне блокирањето на функционирањето на владата.

Сепак, престанувањето со работа на делови на владата во САД не би преставувало преседан, бидејќи во последните десетина години поедини владини агенции веќе престануваа со работа на неколку дена, кога Конгресот не успеваше во рокот да постигне договор за финансирањето на државата. Меѓутоа, одолговлекувањето во Конгресот и исцрпувачките преговори за финансирањето веројатно ќе имаат негативно влијаени на пазарите.

Покрај тоа, политичките судири на претседателот Трамп би можеле да ја отежнат реализацијата на неговите ветувања за даночната реформа и зголемувањето на државната потрошувачка, а тоа беа главните подвижници на растот на S&P 00 индексот во оваа година за повеќе од 13, отсто.

Сепак, пазарот до крајот на трговската седмица се смири, а вложувачите ги примири и тоа што на годишната конференција на централните банкари на американската централна банка Federal Reserve (Fed) во Џексон Хол, нејзината претседателка Џенет Јелен не зборуваше за монетарната политика, туку за финансиската стабилност. Порача дека реформите воведени по финансиските кризи од 2007 и 2009 година го зајакнале финансискиот систем, а притоа не му наштетиле на економскиот раст.

Ниту претседателот на Европската централна банка (ECB), Марио Драги, во Џексон Хол не кажа ништо ново за плановите во врска со монетарната политика, што ги смири инвеститорите кои стравуваа дека ќе има најави за заострување на монетарната политика.

„Инвеститорите стравуваа дека Јелен и Драги ќе бидат поостри по прашањето на монетарната политика. Но се покажа дека тие стравувања биле претерани и немаше негативни изненадувања“, вели за Reuters Џефри Кливленд, економист во компанијата „Payden & Rygel“.