Претпладне дожд, попладне променливо облачно

Во Македонија во средата во претпладневните часови ќе преовладува облачно време со повремен локален дожд, а во попладневните часови променливо облачно.

Во текот на денот ќе дува слаб ветер од северен правец.

Утринската температура се движи во интервал од 8 до 14  а дневната ќе достигне меѓу 15 до 20 Целзисови степени.

И во Скопје и Скопската околина денска ќе биде облачно и врнежливо во претпладневните часови. Утринската темепратура достигна 13, а максималната дневна незначително ќе порасне до 18 Целзиусови степени.