Претпладне облачно со магла по котлините, попладне со сончеви периоди

Времето во средата во Македонија претпладне ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне променливо облачно со сончеви периоди.

Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура се движи од 2 до 8, а дневната ќе биде во интервалот од 16 до 22 Целзиусови степена.

Во Скопје и околината претпладне е облачно и магливо, а попладне се очеквуа променливо облачно време. Утринската температура се спушти до 7, а дневната ќе достигне до 17 Целзиусови степени.

Во четврток времето ќе биде посончево, а во петок и сабота повторно ќе има зголемена облачност со услови за локален дожд во северните и североисточните делови од земјава. Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието, па дневните температури ќе се намалат за неколку степени.