Претпладне променливо облачно и врнежливо, попладне со сончеви периоди

Во понеделникот во Македонија времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Во утринските часови во источните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а попладне на повеќе места со сончеви периоди.

Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен и северозападен правец.

Утринските температури се движат во интервалот од 5 до 11, а максималните дневни ќе се искачат меѓу 7 на повисоките места и 16 Целзиусови степени на југот.

Во Скопје и околината се очекува, исто така, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Температурата нема позначително да осцилира, утрово се двожи до 8 степен а во текот на денот може да порасне до 12-от степен.