Претпладне променливо облачно, попладне сончево и посвежо

Во неделата препладнето ќе преовладува променливо облачно време со услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи, додека во попладневните часови облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и посвежо време со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните делови наместа повремено засилен ветер од западен правец. Индексот на ултравиолетовото зрачење (UV) ќе има вредност 8.

Утринските температури се движат од 9 степени во повисоките области на западот до 19 степени на крајниот југ, додека соодветено максималните дневни ќе се двожат во интервалот од 20 до 33 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе достигне до 30 степени.