Претпладне сонце, попладне облачно време

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, преку денот со почести сончеви периоди долж Повардарието, а утрото свежо.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура се движи од три до 12, а дневната температура од 15 до 22 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во средината на денот со почести сончеви периоди, а наутро ќе е посвежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата ќе се движи од осум до 19 степени.

Од недела следува период на посончево и малку потопло време преку денот, но со ниски утрински температура. Преодно наоблачување со услови за повремен дожд на северот се очекува од средината на следната работна седмица.