Претпладне сончево, кон крајот на денот дожд и грмежи

284

Времето во Македонија претпладне сончево со слаб јужен ветер. Попладне  облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи.

Утринската температура  ќе се движи од седум до 15, а дневната до 26 до 32 степени.

Во Скопје претпладне сончево со слаб јужен ветер. Попладне ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд и ретки грмежи. Повремен дожд ќе има и во текот на ноќта.

Утринската  температура до 11, а дневната ќе достигне до 29 степени.

Слаби врнежи ќе има и во четврток претпладне, а попладне облачноста ќе се намали и ќе дува умерен, вдолж Повардарието на моменти засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благо опаѓање

Во петок ќе преовладува претежно стабилно време со умерен северен ветер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.