Претпладне сончево, попладне краткотрајни локални врнежи

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Дневната температура ќе се движи од 24 до 34 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност  и максимална дневна температура до 33 степени.

Од утре продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат околу или помалку под просечните за овој период од годината.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.