Во саботата во Македонија претпладне ќе преовладува сончево и топло време со умерен до засилен ветер од јужен правец, а попладне и во ноќните часови почнувајќи од запад облачноста ќе се зголемува и ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со интензивен дожд за кратко време (над 20 л/м2 за 6 часа), силен ветер, поинтензивни електрични празнења и услови за појава на град.
Утринските температури се движат меѓу 14 и 22 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервалот од 25 до 38 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината, исто така, претпладне ќе биде сончево и многу топло со засилен југоисточен ветер. Попладне и во вечерните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и силен ветер, локално во форма на невреме. Температурата ќе достигне до 37 степени.
Во недела и понеделник по свежото утро со утрински температури коишто ќе се движат во интервал од 10 до 20 односно од 8 до 18 степени, во текот на денот ќе преовладува сончево и топло време со пад на дневните температури кои што ќе достигнат од 23 до 33 односно од 24 до 34 степени.
Во Македонија во вторник ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност, ветровито и свежо време. Минималните температури од 10 до 20 степени, додека пак максималните дневни ќе се движат во интервал од 20 до 30 степени.