Претпладне сончево, попладне локален дожд во западните и северните делови од земјата

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови во западните делови ќе се зголеми облачноста и ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од 4 до 14 степени, додека максималните дневни од 20 до 30 степени.