Претпладне сончево, попладне локална нестабилност и дожд

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од
североисточен правец. Во попладневните и вечерните часови ќе има услови за
локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе
достигне од 30 до 37 степени. УВ=8
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено
засилен ветер од североисточен правец. Попладне во делови од котлината ќе има
услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се
спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.