Претпладне сончево, попладне пороен дожд, грмотевици и засилен ветер 

Времето во Македонија во средата претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УВ индексот ќе има вредност 8.

Утринските температури се движат во интервалот од 11 степени во повисоките предели на земјата, 16 во централните и југозападните до 20 Целзиусови степени на југот. Максималните дневни, пак, ќе достигнат соодветно меѓу 24 и 29 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе преовладува време како и во остатокот од земјата. Утринската температура достигна 18, а дневната ќе се искачи до 31 Целзиусов степен.