Претпладне умерено облачно, попладне нестабилно 

Во саботата во Македонија времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На места ќе има поинтензивна нестабилност во форма на невреме со услови за изолирана појава на град. Максималните дневни температури ќе се движат во интервелот меѓу 18 и 27 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска претпладне ќе преовладува сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 26 степени.