Претрес на локација поврзана со шефот на партијата на Жаир Болсонаро

Бразилската федерална полиција изврши претрес на локација поврзана со Лусијано Бивар, шеф на Социјално-либералната партија на ултрадесничарскиот претседател Жаир Болсонаро, по обвинувањата за изборна измама за време на кампањата.

Полицијата ги истражува наводите дека партијата на Болсонаро им давала пари на таканаречени „истурени“ кандидати во текот на изборната кампања минатата година.

Налогот за претрес, издаден од регионалниот изборен суд, се однесува на наводно користење жени како лажни кандидати, соопшти полицијата.

Полицијата наведе дека според законот, партијата мора да потроши најмалку 30 отсто од парите за кампања на кандидатки, но постои сомнеж дека дел од тие средства биле наменети за лидерите на Социјално-либералната партија.

Правната заштита на Бивар смета дека налогот за претрес бил непотребен, а истрагата пред десет месеци почнала „без некакви назнаки за измама“ и фрли сенка врз ветувањето на Болсонаро дека ќе го реши проблемот со зголемената корупција.

Бразилската Влада и Социјално-либералната партија засега немаат коментар за претресот.