Претрес на Универзитетот Делавер поради доверливи документи на Бајден

Припадници на американското Федерално биро за истраги (FBI) двапати спровеле потраги и претреси на Универзитетот на сојузната држава Делавер, во рамките на истрагата на доверливите документи кои ги чувал актуелниот претседател Џо Бајден, објави телевизијата CNN во средата повикувајќи се на изводи запознаен со случајот.

Според неименуваниот соговорник, претресите биле спроведувани изминатите неколку седмици во согласност и соработка со адвокатите на претседателот Бајден. Според сознанијата на CNN, „федералците“ во два случаи заплениле поголем број материјали, кои не се класифицирани како доверливи, но овој период се проучуваат во Бирото.

Портпаролката на адвокатите на претседателот Бајден, Моли Левинсон, одбила да ги коментира претресите на барање за коментар од телевизијата, а Белата куќа, исто така, одбила да одговори на прашањето.

На почетокот на февраури беше објавено дека американското Министерство за правосудство спровело претрес во куќата за одмор на претседателот Џо Бајден во Рехбор Бич во сојузната држава Делавер. Претходно приватните адвокати и советникот на претседателот Ричард Саубер кон средината на јануари потврдија дека уште пет документи со ознака за највисока тајност се пронајдени во гаражата и во куќата на претседателот Бајден во Вилмингтон во сојузната држава Делавер и тврдеа дека веднаш му биле предадени во Министерството за правосудство.

Претходно адвокатите признаа дека откриле уште два сета строго доверливи документи се најдени во резиденцијата на Бајден и во канцеларијата на Бајден во Центарот за дипломатија и глобален ангажман „Пен Бајден“ од периодот меѓу 2017 и 2020 година, кога повеќе не беше потпретседател во администрацијата на претседателот Барак Обама.

Овие откритија преставуваат голема непријатност за демократскиот претседател, бидејќи властите и Министерството за правосудство со месеци го истражувааt неговиот републикански претходник на должноста Доналд Трамп, откако доверливи документи беа најдени во неговиот посед на Флорида.

Законот од 1978 година ги обврзува и американските претседател и потпретседатели целата документација, писма, работни документи и електронски писма, по завршувањето на мандатот да ги предадат во Националниот архив на САД. Незаконски е свесно или намерно да се отстранат или да се задржат доверливите материјали.