Претрес во Кичево, приведен дилер, кај него е пронајден кокаин

На 14.05.2022  во 22:50 часот во Кичево од полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за внатрешни работи Кичево е лишен од слобода И.Б.(39) од Кичево.

При претрес во неговиот дом, извршен по претходно добиена судска наредба од Основен суд Кичево, пронајдени се кокаин, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.