Претрес во куќата на шефот на кампањата на Трамп

Агентите на Федералното биро за истраги (FBI) одземале документи и други материјали од домот на шефот на претседателската кампања на Доналд Трамп, Пол Манафорт, во рамките за истрагата за наводната вмешаност на Русија во американските претседателски избори во 2016 година, пишува во средата весникот The Washington Post.

Иследниците направиле претрес во куќата на Пол Манафорт во сојузната американска држава Вирџинија на 26 јули по основа на судски налог, пишува весникот.

Според написот, во кој весникот според вообичаената практика се повикува на неименувани извори „блиски на истрагата“, претресот се случил ден откако Манафорт лич но се сретнал со комитетот на Сенатот за разузнавачките агенции,

Манафорт, најстариот син на американскиот претседател Доналд Траmп помладиот, и зетот и советник на претседателот Џаред Кушнер лично беа сослушувани по обвинувањата за наводните руски контакти и мешањето на Москва во американските претседателски избори во 2016 година и за нивната средба со руската адвокатка Наталија Веселницкаја којашто изрази подготвеност лично да сведочи пред американските органи за контроверзната средба, но засега нејзините изјави во американските медиуми се игнорирани.

Во САД на неколку нивоа се водат истраги за наводните договарања меѓу републиканската кампања на Трамп и Русија.

Американските разузнавачки служби без презентирање на докази и документи до парламентарните комитети доставиле извештај дека руската влада наводно настојувала да работи на изборната победа на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, на штета на демократската кандидатка Хилари Клинтон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.