Претрес во липковско, пронајдена дрога, приведено лице од Лојане

Денеска (14.03.2023) во 10.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово во координација со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи го лишиле од слобода Р.И.(20) од село Лојане, липковско.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и семки од растението канабис. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.