Претрес во Радовишко – пронајдени 60 стебла канабис

Во домот и помошните простории на А.П. (67) од село Подареш, Радовишко, полицијата пронајде и одезе 60 стебла канабис за кои постои сомневање дека ги засадил и одгледувал неговиот син С.П..

Според СВР Струмица, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш, постапувајки по наредба на Основен суд Радовиш, вчера извршиле претрес во домот и помошните простории каде го пронашле канабисот.

За настанот бил запознат Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.