Претреси во германски банки во врска со Панамските документи

Даночните истражни органи извршиле во средата низа претреси во германските банки и во приватни простории, а рациите се поврзани со истрагата во случајот „Panama Papers“ и даночните затајувања на државјани на Германија.

„Истрагата е насочена против неколку германски банки за коишто постојат сомневања дека на своите богати клиенти им помагале во затајувањето на данок“, соопшти државното обвинителство во Франкфурт.

Банките и становите кои биле објект на денешните рации се наоѓаат во неколку градови на западот од Германија. На осомничените им се забележува дека преку една „оф шор“ компанија на Британските девствени острови криеле пари од германските даночни органи.

До сознанијата која довеле до денешните претреси обвинителството дошло минатиот ноември, по претресите во просториите на „Deutsche Bank“ кои се случиле врз основа на ткн „Panama Papers“ и „Offshore Leaks“, податоците кои беа протурени до Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) а ги објави во 2013 година. Тогаш од „Deutsche Bank“ тогаш тврдеше дека претресите не се насочени против самата мбанка, туку против некои коминтенти на банката.