Претреси во гевгелиско, пронајдени поголемо количество оружје и муниција, приведени две лица

Денеска (04.05.2023), полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал со полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ и ОВР Гевгелија ги лишиле од слобода А.Д.(44) и Ж.Д.(66), двајцата од с.Богородица, гевгелиско.

Во нивните домови, со судска наредба биле извршени претреси, при што во домот на А.Д. во с.Богородица биле пронајдени и одземени две ловечки пушки, воздушна пушка, самострел, 99 патрони ловечка муниција, 272 боеви куршуми од различен калибар и два оптички нишани. При претрес во домот на Ж.Д. во с.Богородица биле пронајдени и одземени еден ловечки карабин, воздушна пушка, една цевка за ловечка пушка, 107 патрони ловечка муниција и 44 боеви куршуми од различен калибар.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.