Претседателе Пендаровски, дали си функционално неписмен?

Пенадаровски, деновиве на една македонска национална телевизија на прашање на водителот за високото образование и нивно вложување, меѓу другото изјавивте: „…дека треба да се направи ревизија на сите факултети и универзитети во последните 10 (десет) години. Ревизија на сите дипломи, магистерски и докторски и дека од информациите кои ги добиваш, како работна сила 90% (посто) се функционално неписмени и дека треба да се  направат функционално суштински ревизии и планови за образованието…“.

Убаво кажано од твоја страна Пендаровски, но во практиката и ти си соучесник во образовниот криминал и корупција, во она што се случува во високото образование и слободно можам да кажам дека и ти припаѓаш во категоријата во тие 90% (посто) функционално неписмени. И не само ТИ, тука е Владата и ресорните министри за образование и наука сегашниот и поранешните Цароска, Адеми…, Агенцијата за квалитет на високото образование (Агим Рушити) нивните Одбори за акредитација и Одборот за евалуација, Инспекцискиот совет, Државниот просветен инспекторат, Основачот на јавните универзитети Собранието на Македонија (Таљат Џафери- командант Форина) со неименување на преставници за формирање на универзитетски совети (чл.104 од ЗВО), кој треба да брои 11 члена и тоа преставници од сенатот, Собранието на студентите, Стопанската комора и основачот-Собранието на Македонија (од редот на пратениците). Сите овие владини функционери се функционално неписмени!

За сите настани Пендаровски кои се случуваа, бевте целосно информирани за високото образование во писмена форма, од авторот на овој текст и тоа:

  • Ве запознавме за докторските плагијати, кај одредени професори на Медицинскиот факултет на УТ-Тетово,
  • За меѓународниот скандал, кој доби широки размери на Балканот и пошироко докторски титули од Косово и Македонија,
  • За докторските титули и унапредувања на поранешниот министер за образование, а сега пратеник Арбер Адеми и сегашниот заменик министер за правда, а поранешен заменик министер за внатрешни работи Агим Нухиу,
  • За работата на Агенцијата за квалитет на високото образование, неговиот директор Агим Рушити,
  • За работата на Одборот за акредитација и неговиот претседател Камбовски кои се’ и сешто акредитираат или за претседателот Митреска од Одборот за евалуација која не извршила никакво вреднување на јавните и приватните универзитети во Македонија,
  • За образовните криминали на универзитетот „Мајка Тереза“ Скопје…!
  • За образовните криминали на Струшкиот универзитет, ненострифицирани 800 дипломи. Наместо помош од институциите, и од тебе Пендаровски наидов на отпор и шиканирање од Министерството за образование и наука, МВР…!

(види поопширно: Претседателе Пендаровски, каде си?)

(види поопширно: Меѓународен балканско-македонски образовен криминал со невалидни дипломи)

И после ова што Пендаровски? Не постапивте по моите преставки и молк од вашиот кабинет! Па тогаш, евидентно е дека ТИ и твоите кои те опкружуваат во вилата Водно сте функционално неписмени! Тоа е вистината, затоа во образованието сме таму каде што сме. Само да те потсетам за твојот матичен универзитет Американскиот колеџ во Скопје, на светските ранг листи е на 12017(м), читателите да знаат дека на овој универзитет си бил професор и предавал, а сега актуелен претседател, кој како што изјавуваш да не си бил претседател веднаш би ја напуштил државата. На овој  универзитет се појавува и анонимниот професор без никаков стручен и научен труд, е  премиерот Ковачевски.

За криминалните состојби во високото образование, потребно е Пендаровски, да го свикаш НАЦИОНАЛНИОТ СОВЕТ ЗА КРИЗНИ СОСТОЈБИ ВО ОДНОС НА ОБРАЗОВАНИЕТО! Ајде очекувам тоа да го сториш. За да излезеш од функционалната неписменост-ОЧЕКУВАМ.

И на тој Национален совет Пендаровски, неминовно е да разговарате: Има ли  Македонија стратегија во високото образование? Веднаш да ти одговорам НЕМА. Има хиперпродукција на универзитети во Македонија со 24, 25 Правни и Економски факултети, немање соодветен наставен кадар, професорите им пишуваат магистерски и докоторски дисертации. Ајде нека се проверат приватните универзитети во Македонија… Само да се потенцира дека во високото образование има хиперпродукција на програмери, а техничките факултети и изучувањето на јазиците и понатаму се без студенти. Треба ли државата да стимулира други науки Да/Не?резултатите од анкетите и нивниот одговор со ДА е 75% (посто) и со НЕ е 25% (посто).

И не само тоа Пендаровски, загриженост има и за другите степени во образованието: Дали воопшто се вложува во образованието?

Што покажува практиката:

  • Започна учебната 2022/23 година, нема свидетелства,
  • Нема учебници,
  • Нема тоалети и сапун во училиштата, се враќаат ќумбињата, полските вецеа се секаде,
  • Нема струја во студентските домови,
  • Нема студентски оброк….
  • Резултатите од анкетите: И треба ли на Македонија вакво образование? Анкетираните одговориле: со ДА одговориле 0 (нула), а 100% (посто) одговориле НЕ

Ама има министер за образование и наука господин Пендаровски, кој има извршено образовно криминално унапредување во наставно-научно звање доцент, без нострифицирана докторска диплома добиена од Економскиот факултет во Тирана -Албанија. Ама овој министер Јетон Шаќири, молчи што се случува на неговиот матичен струшки универзитет со криминалот на докторските дипломи ненострифицирани и добиени во Нови Пазар-Србија… Ама министерот Јетон изјавува: „Вложуваме во квалитетно и достапно образование за секое дете“! По примерот на Јетон, исто изјавува премиерот Ковачевски во ОН во Њујорк.

И сега, почитувани читатели, видите чудо Владата формира Совет за унапредување на образованието и науката. По предлог на МОН. Со Советот ќе претседава верувале или не премиерот Димитар Ковачевски, во состав ќе биде министерот Јетон Шаќири, вицепремиерот за политички систем Артан Груби, вицепремиерот за економски  ресори Фатмир Бетиќи, и министерот за финансии Фатмир Бесими ( овие од ДУИ функционери, не се функционери туку „мисионери“). Трагикомедија каква стратегија.  Педагошката служба како орган на државата. Па, во активноста ќе учествуваат Педагошката служба, Сојузот на средношколци, Интеруниверзитетската конференција, Националниот совет за високото образование, Одборот за акредитација и одборот за евалуација и студентското собрание, БРО, ДПИ и Центарот за образование на возрасните. Формирајте совети, комисии, со една единствена цел да се прикријат работите и криминалите во образованието и нема одговорност.

Пендаровски, дали се сеќавате на Советот за унапредување на правосудството со кој претседаваше Зоран Заев? Што стана од тој совет Пендаровски? Да те потсетам постигнаа едно големо НИШТО. Правосудството е на најниско ниво, со доверба од 8%(посто). Од овој Совет за унапредување на образованието и науката, што ќе стане Пендаровски? Што очекувате? Сакам да ми одговорите? Но, пред да ми одговорите, да ви одговорам: Ќе има едно големо НИШТО. Срамота, зошто ги потценувате граѓаните на Македонија? Зошто ја потценувате интелегинцијата на граѓаните? Наместо да се бара одговорност за катастрофалната состојба во македонското образование на носителите кои се спомнати во Советот со исклучок на студентите и средношколците, сите други треба да сносат одговорност за целосен образовен криминал и корупција.

Пендаровски, под итно свикај го Националниот советот за кризни состојби во делот на образованието. Состојбите се алармантни.

Пендаровски ти си на потег!!!

Македонија пред се!!!

Автор: Ѓорѓи Илиевски Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес