Претседателката на Антикорупциска: Рамадани не може да ја извршува функцијата во МЕПСО

Куштрим Рамадани не може во моментов да ја извршува функцијата во МЕПСО на која е назначен, вели претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска.

– Како на поранешен член на Регулаторната комисија за енергетика не е поминат законски предвидениот рок од две години пред да ја преземе новата функција – рече таа на трибината по повод Денот на борбата против корупцијата.

Рамадани беше заменик претседател на РКЕ, а минатиот месец на предлог на ДУИ  беше назначен за претседател на Управниот одбор на МЕПСО, на местото на Ева Шуклева.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.